Разрешен Сулејман Реџепи и именуван В.Д. до изборот на нов поглавар на ИВЗ

Ријасетот на Исламската верска заедница го разреши Сулејман Реџепи од функцијата поглавар на ИВЗ.

Како што информираа од Ријасетот, одлуката ја донеле две третини од муфтиите на Исламската верска заедница врз основа на член 36 и 38 во кои се вели дека поглаварот  на ИВЗ се разрешува кога „тој не ги исполнува обврските за кои бил избран, кога неговите ставови и работа се спротивни на исламските норми и нормативните акти на ИВЗ, кога работи против одредбите и одлуките на надлежните тела на ИВЗ, кога ја злоупотребува својата позиција на штета на интересите на ИВЗ“.

,,Ние, долупотпишаните врз основа на член  36 и 58 од Уставот на ИВЗ, што го сочинуваат повеќе од 2/3 од членовите на Ријасетот на ИВЗ, едногласно одлучивме да го разрешиме Сулејман Реџепи од функцијата Реисул Улема, поглавар на ИВЗ. До подготовката на условите за нови избори, за в.д., поглавар на ИВЗ е одреден Гостиварскиот муфтија, Шаќир Фетаху“, рече муфтијта на Гостивар.

Поддржувачи на Сулејман Реџепи се противат на неговото разрешување и и најавија декка ќе барааат правда на судд.