Разулавени ,,патриоти“ сакале да се пресметаат со новинар на Плусинфо

Група од десеттина членови на Македонското патриотско здружение „Пере Тошев“ од Прилеп вечерва во 18.05 часот се обиделе физички да се пресметаат со новинарот на Плусинфо Божидар Барлакоски, извести овој портал.

Враќајќи се од седницата на Собранието, Барлакоски, инаку и самиот прилепчанец, ја сретнал групата кај трговскиот центар „Соравија“. Сите биле облечени во тегет дуксери со амблем на здружението. Бидејќи познавал дел од нив, новинарот пријателски ги поздравил со зборовите „здраво дечки“, по што овие му возвратиле со погрдни зборови, го пцуеле и го нарекле „предавничко копиле“.

Барлакоски го продолжил патот, со намера што побрзо да се одалечи од групата, за да избегне инцидент. Но, забележал дека неколкумина веќе трчаат по него, извикувајќи погрдни зборови. Новинарот сепак успеал да им избега и кај „Тинекс“ спроти Олимписки базен да влезе во такси возило и да се спаси од дрските напаѓачи.

Барлакоски, придружуван од уредникот Бранко Героски, вечерва настанот го пријави во Првата полициска станица (Беко). При тоа новинарот идентификуваше тројца од напаѓачите, по што доби уверување од полицискиот службеник дека идентификуваните лица ќе бидат предупредени.

Во текот на утрешниот ден, Редакцијата на Плусинфо за настанот ќе го извести и лично министерот за внатрешни работи.

Инаку, токму ова здружение е прво на листата од дваесетина такви, кои завчера во Велес формираа заеднички Македонски национален фронт за ,,одбрана на Татковината“.

Тие  потпишале Повелба за стратешка соработка.

При потпишувањето на Повелбата дале заклетва дека ,,ќе се борат со сите можни средства и методи против сите облици за уривање на Република Македонија“.

Целта на нивното здружување е , како што велат,  да се дигне гласот за зачувување на националните и државни интереси во овие тешки времиња за државата.


Во нивната Повелба, меѓу другото ,  стои дека:

,,Се подготвени со сите расположливи ненасилни или насилни средства да ја бранат Татковината и да ја почитуваат јасно изразената волја на народот, како единствен носител на суверенитетот и државноста на земјата.