Раководството на СДСМ ги собра избраните пратеници

Раководството на СДСМ, претседателот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со избраните пратеници на парламентарните избори-соопштуваат од партијата..

Постигнат е огромен успех, режимот е поразен со пенкало и глас, мнозинството граѓани, над 600.000 граѓани на Македонија избраа промени наспроти режим е заедничката оценка.

Изразена е заедничка одлучност за работа исклучиво во интерес на граѓаните и реализација на обврските во Планот за живот во Македонија-се вели во соопштението.

-Мнозинството граѓани гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни претпријатија, за враќање на парите кај граѓаните, за институции кои работат во служба на граѓаните, за правда за сите. Мнозинската поддршка од граѓаните за промени против режим е голема чест и одговорност и бара исклучителна посветеност и во застапувањето на потребите на граѓаните и развојот на демократска Република Македонија, рекол Заев пред новоизбраните пратеници.

На состанокот е констатирано дека започнатите демократски процеси продолжуваат со формирање реформска Влада што ќе ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија.