Ракометарите вечерва ги добиваат противниците за ЕП 2020

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва ќе ги донзае противниците за Европското ракометно првенство 2020 кое ќе се одржи во три земји, Австрија, Норвешка  и Шведска.

Нашата репрезентација од вториот шешир ја чека ждрепката, желбата е да играме во Австрија, во Грац за да имаме поголема поддршка од навивачите.

Македонската репрезентација нема да игра против Данска, Норвешка, Словенија, Русија и Чешка во групната фаза од континенталниот собир .

Ждрепката ќе се одржи попладнево од 18:45 часот  во Виена,  натпреварите на ЕП ќе се играат од 9 до 26 јануари.

ПРВ ШЕШИР: ШВЕДСКА, ШПАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ХРВАТСКА, УНГАРИЈА.

ВТОР ШЕШИР: НОРВЕШКА, ДАНСКА, ЧЕШКА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СЛОВЕНИЈА, РУСИЈА.

ТРЕТ ШЕШИР: АВСТРИЈА, ЦРНА ГОРА, ПОРТУГАЛИЈА, ИСЛАНД, ЛЕТОНИЈА, БЕЛОРУСИЈА.

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: ПОЛСКА, ХОЛАНДИЈА, БИХ, УКРАИНА, ШВАЈЦАРИЈА, СРБИЈА.