Ракометарите на Вардар добија многу тешка група за новата сезона

 Ракометарите на Вардар се најдоа во исклучително тешка група во новата сезона за Лигата на шампионите на ЕХФ. Поранешниот европски првак, како прв носител се најде во групата „А“ каде за ривали  ги добија Кјелце,  Барселона, Мешков Брест, Веспрем, Монпеље, Кристијанштад и Рајн Некар Левен. Меѓу другите, гости на Вардар во Скопје во новата сезона ќе му бидат и двајцата македонски репрезентативци – Филип Талески со Рајн Некар Левен и Дејан Манасков со Веспрем.

Кире Лазаров со Нант ќе игра во Групата Б со ПСЖ, ПИК Сегед, Фленсбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор Запорожје со Жарко Пешевски и Целје Пивоварна Лашко.

Металург, пак, ќе игра во групата Ц и ќе се соочи со Силкеборг, Спортинг Лисабон, Бешикташ, Чековски Медведи и Татран Прешов.

Првите натпревари ќе се играат во периодот од 12 до 16 септември . Оваа сезона е последната во која е игра по ваков систем со 28 екипи.