Ракометната репрезентација на Македонија , вечерва против Турција на гости го игра претпоследниот меч во квалификациите за ЕП 2020 година.

Машката репрезентација е веќе пласирана на континеталниот собир, со победа против Турција и Грција во последните две кола ќе ја освоиме првата позиција во групата што е важно пред ждрепката за ЕП.

Поради повреда на оваа средба во Ескишехир нема да настапи Дејан Манасков. Натпреварот започнува од 18 часот.