Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, поднесе неотповиклива оставка откако е повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничено лице за воени злосторства.

Тој на крајот од владината седница ја соопшти одлуката , бидејќи како што рекол, неговиот исказ како осомничен може да му нанесе штета на Косово.

,,Полсл оставката мандатот го враќам кај народот, а вие сте први на кои ја соопштувам оваа одлука“-им рече на министрите Харадинај.

Тој побара претседателот Хашим Тачи да ги почне консултациите со партиите за распишување предвремени избори.

Најави дека на предвремените избори повторно ќе се кандидира и дека таксите за Србија и Босна и Херцеговина остануваат и во мандатот на техничката влада.