Рамуш Харадинај правеше склекови со припадниците на косовската војска(видео)

Пред една година, Собранието на Косово со 106 гласа за и еден воздржан го усвои пакетот од три закони со кои се промени мандатот на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и тие практично прераснаа во војска на Косово, без да им се смени името.

На вчерашната прва годишница, премиерот во заминување, Рамуш Харадинај, денот го минува со припадниците на војската, а се покажа и во правење склекови.