Рамуш Харадинај пуштен од притвор

Бившиот лидер на ОВК Рамуш Харадинај е пуштен од притворот во Франција, каде беше задржан по меѓународна потерница издадена од Србија во 2014 година за обвиненија за воени злосторства. Тој ќе се брани од слобода, но без право да ја напушти Франција.

Францускиот суд во Колмар го пушти Харадинај со кауција, но му го одзеде пасошот до одлуката дали ќе биде испорачан во Србија или не.

Србија испрати во Франција барање за испорачување на Харадинај. Тој беше уапсен на 4 јануари,2017 година.