Рангелова: Ни треба просветлување, а не прочистување

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот бурен ден во ВМРО ДПМНЕ и исклучувањето на неистомислениците од страна на Христијан Мицкоски.

Со своја реакција се јави и пратеничката Даниела Рангелова:

,,Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.
Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано!
Проевроатлански ориентирано, а не изолирано!
Ни треба разум и храброст, а не очај и паника!
Ни треба просветлување и чекорење напред, а не прочистување!
Ни треба визија за иднината на партијата и државата, а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување, а не недоверба!
Ни треба слободна и демократска мисла, а не едноумие и ретроградност!
Ни треба политичко делување, а не послушност и сервилност!
Ни треба соочување и решавање на проблемите, а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството!
Ни треба ПОБЕДА, а не ПОРАЗ!
Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност!“-пишува на својот ФБ профил пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова и претседателка на Унија на жени на партијата.