Милош Раониќ и Горан Иванишевиќ повеќе нема да соработуваат, причината за прекинот на соработката официјално не е соопштена.
Иванишевиќ заминува од тимот на Раониќ непосредно пред почетокот на Матерсот во Индијан Велс кој е прв во серијата 1000. Раониќ добро ја започна годината со пласман во четвртфинале на Австралија Опен, потоа следуваа слаби резултати и разделбата била неизбежна.

Раониќ според неофицијални информации ќе го замени Горан Иванишевиќ со Фабрис Санторо од Франција.