Расистички напад во Германија, повредени тројца Либеријци

Три лица од Либерија се потешко повредени во расистички мотивиран напад на истокот на Германија.

Полицијата во покраината Саксонија-Анхалт соопшти дека жртви на нападот се маж од Либерија, неговата партнерка и нејзиниот внук.

Двајца мажи во четвртокот ноќта заѕвониле на вратата од станот на Либериецот во Мерсебург. Тие вооружени со бејзбол палки го нападнале 44-годишниот маж и 47-годишна жена. Во инцидентот е повредено и петгодишно дете.

Напаѓачите си заминале но едниот од нив се вратил по доаѓањето на полицијата, извикувајќи расистички пароли. Полицијата после тоа го пронашла и вториот напаѓач.

Уапсените, според информации од локалната полиција, се од Марсебург и биле под дејство на алкохол.

Против нив е почната истрага за нанесување тешки телесни повреди.