Распишана меѓународна потерница по Милош Маровиќ, син на поранешен црнгорски Претседател

Интерполовата канцеларија во Подгорица распиша потерница по Милош Маровиќ, син на поранешниот црногорски Претседател Светозар Маровиќ. Милош треба да издржува едногодишна казна затвор заради малверзација при препродажба на општинско земјиште. Милош Маровиќ бараше одложување на казната заради наводно лекување во Белград, но судот го одби тоа.

Тој има и српско државјанство, па бараше казната да ја служи во Србија , но и тоа му е одбиено.

Тој се договорил со обвинителството да плати казна од 380.000 евра и да одлежи една година затвор, но сега е недостапен за правосудните органи.
Во аферата тешка повеќе милиони евра се инволвирани и неговиот татко Светозар, неговиот стрико Драган, како и поранешен градоначалник на Будва.