Распишана меѓународна потерница по Сеад Кочан

,,Распишани се и централна и меѓународна потерница. Засега не можеме да потврдиме каде би можел да се наоѓа осомничениот од Специјалното обвинителство.“ Ова за АлсатМ го изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, потврдувајќи ги така шпекулациите дека Кочан се бара со меѓународна потерница.

Тој изминатиот четврток ја напуштил државата на граничниот премин Табановце, а во петок беше објавено дека му е одредена мерка притвор на барање на СЈО.

Неговиот адвокат тврди дека е во комуникација со него и дека се наоѓа на службен пат.