Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, не смени ништо во составот на нашата репрезентација за мечот со Хрватска. Тимот што победува не се менува , Гозналез се реши против  тимот на Лино Червар да игра со истите играчи кои настапија против Јапонија  и Бахреин. 

Македонија против Хрватска ке игра со овие ракометари : 

 Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

Македонија само еднаш ја победила Хрватска на официјален натпревар, квалификации за ЕП, на останатите четери средби победувал вечерашниот наш противник кој не има победено и на Мундијалот во Катар. Сребата, Македонија – Хрватска се игра од  18 часот.