Раул Гонзалез: Потребни се победи но и гол разликата е важна

Ракометарите денеска имаа еден тренинг , слекторот Раул Гонзалез смета дека се важни победите  но истовремено треба да се внимава  и на гол разликата која може да биде клучна. 

Јапонија ја победивме , следува Бахреин, оваа селекција се доближи на Шпанија  и на три гола негатива, затоа треба да внимаваме . Важни се победите но мора да внимаваме  и на гол разликата  која може да биде клучна кога се игра во група- изјави Гонзалез

Македонија утре против Бахреин го игра вториот натпревар на Мундијалот, селекцијата на Бахреин во првото около очекувано беше поразена од Шпанија 33-23. Средбата со Бахреин се игра утре од 14 часот, пренос на МТВ 1   и Аренспорт .