Рачни бомби и мина на белградскиот аеродром

На белградскиот аеродром ,,Никола Тесла” рано утрината , полицијата пронајде 10 школски рачни бомби и противпешадиска мина при рутинска контрола на поштенските пакети.

Бомбите и мината биле без експлозивно полнење, но заради истрага известен е надлежен обвинител.

МВР на Србија известува дека полициски екипи остануваат на аеродромот.

Ќе се направи детална истрага од каде пристигнале и за кого биле наменети.