Рашковски ќе ги тужи Чепуњовски и порталите кои објавија тајно снимен разговор со него

Генералниот секретар на Влада и еден од најблиските соработници на премиерот Заев, Драги Рашковски, се закани дека ќе го тужи Климент Чепуњовски, кој тајно снимил разговор во неговата канцеларија, а порталот Експрес го објави .

,,Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.

Неколку појаснувања.
Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.

Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.

Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима, но намерно го сече делот каде што тој зборува) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се зборува за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.

Обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.

Против Климент Чепуњовски веќе има постапка затоа што со своите постапки ги доведе во животно загрозувачка состојба животите на стотици лица. Во интерес на истрагата деталите може да ги соопшти само обвинителство.

Во понеделник, целокупниот материјал со детали за набавката на АТМ системот и вмешаноста на Климент Чепуњовски и активностите на Владата за заштите на животите на патниците ќе бидат доставени до новинарите.

Снимката Климент Чепуњовски ја има предадено на висок функционер на опозициона партија пред неколку дена, откако дозна за извештајот во кој тој е посочен за виновен за случениот инцидент“-пишува на социјалните мрежи Рашковски.

Со наслов ,,Генсекот на Заев договара спорен тендер од 7 милиони евра’ порталот Експрес објави аудио снимка за ова тврдење од насловот.