Раѓањето на второто дете Типсаревиќ го прослави со своите тениски колеги и пријатели

Српскиот тенисер , Јанко Типсаревиќ, стана татко по втор пат. Со сопругата Билјана го добија синот Ноа.

Радосната вест беше прославена во еден белградски ресторан, а на прославата беше целата српска тениска репрезентација, меѓу кои и светскиот број еден, Новак Ѓоковиќ.

Славењето поминало во добра атмосфера, а среќниот татко по стариот српски обичај остана без својата кошула.