Ова се луѓето кои стрпливо чекаат во долга редица, односно редици, пред Викторија театарот во Сан Франциско, за да влезат на прикажувањето на македонскиот документарен филм ,,Медена земја“.

„Медена земја“, филм сниман во распон од три години, раскажува приказна за последната жена – одгледувач на диви пчели во Европа, која се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата, кога семејството на номадски пчелари се населува на нејзината земја и ја загрозува егзистенцијата. Документарецот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата на Македонија-проект на Швјацарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“, а поддржан од Агенцијата за филм.

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).

На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

Прват во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.