,,Старбакс“ ја отвори својата прва продавница за кафе во главниот град на Србија.

На ,,Кнез Михаилова“, познатата пешачка улица во Белград, и вториот работен ден на популарниот кофи-шоп се чека во редици за шолја вкусно светски препознатливо кафе.

Кафето во ,,Старбакс“ е нешто поскапо од она во околните кафулиња, но светскиот синџир очигледно е добредојден кај белграѓани.