Режисерот Емир Кустурица му стана советник на Милорад Додик

Познатиот југословенски и српски режисер, Емир Кустурица, официјално е вработен акако советник во кабинетот на поранешниот претседател на Република Српска, сега претседавач на Претседателството на Б и Х, Миорад Додик.

По барање на медиумите, Додик ја објави целосната листа на негови советници, на која се наоѓа името на Кустурица.

Додик го исполни ветувањето кое го даде пред да дојде на новата позиција, но за Кустурица сѐ уште нема конкретен ресор.