Режисерот Оливер Стоун ја прими руската вакцина против Ковид 19

Прославениот американски режисер и трикратен добитник на наградата Оскар, ја прими руската вакцина против корона вирусот, Спутник.

Стоун се наоѓа на снимање на својот најнов филм во една област во Русија каде снима во една напуштена нуклеарна централа.

Тој изјави дека не го разбира Западот зошто ја игнорираат оваа вакцина, кога се покажа дека е многу ефикасна.

,,Слушнав многу пофални зборови за ефикасноста на оваа вакцина. Пред неколку дена ја примив првата доза, а кога ќе треба ќе дојдам да ја примам и втората доза“-изјави Стоун.

Инаку, вчера во САД започна вакцинација на ризичните групи со вакцината на Фајзер/Бајонтек.