Матјаж Кек селекторот на Словенија и Рене Крхин на прес конференцијата пред мечот со Макеоднија на прес конференција порачаа дека победата е единствена опција за нивната репрезентација.

Против Израел не ја прикажавме најдобрата игра, сега на ред е Македонија и сакаме да одиграме подобро и да дојдеме до победа. потенцира Рене Крхин, тој додаде дека Македонија има квалитетни играчи но ако се фокусираат на сопствената игра тогаш ќе дојдат до добар резултат.

„Секој натпревар е тежок, ја проучивме играта на Македонија и се надевам дека ќе дојдеме до победа и трите бода “ – изјави Крхин.

Крхин за Пандев вели дека тој е негов добар пријател игравме заедно, занеме што значи тој за Македонија , ги знаеме неговите квалитети и ќе се обидеме да го запреме.

Матјаж Кек, селекторот на Словенија смета дека Македонија е голем тест за нив и ако играчите ги следат неговите инструкции ќе дојдат до добри резултат.


„Резултатите на Македонија не се случајни, и во Лигата на нации, и сега, имаат една добра и квалитетна репрезентација. Мораме со голема ангажираност и со помош на нашите навивачи да дојдеме до добар резултат и бодови, ја респектираме Македонија, сакаме да одиграме добро и да стигнеме до бодовите, ке мораме да ја заслужиме победата, го респектираме противникот , но ако ние одиграме најдобро што знаеме ќе го постигнеме тоа што го сакаме“ – изјави Кек.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра утре од 20-45 на стадионот „Стожице “ во Љубљана.