Осум дена пред изборите во Хрватска, ХРТ објави анкета за рејтингот на политичките партии, направена од агенцијата Рејтинг.

Според оваа анкета, на изборите што се одржаа вчера требаше да победи коалицијата Рестарт предводена од опозициската СДП.

ХДЗ требаше да освои 6 мандати помалку од СДП, а на пример коалицијата ,,Можеме“ предводена од Томислав Томашевиќ два мандата.

Три дена пред изборите, самата коалиција ,,Можеме“ објави дека имаат три сигурни мандати.

Но, вчерашниот ден во Хрватска донесе бројни изненадувања.

Најпријатното, според хрватските медиуми е коалицијата ,,Можеме“ формирана од поранешниот висок партиски функционер на СДП, Томислав Томашевиќ, која освои 7 сигурни места во хрватскиот Сабор.

Оваа коалиција е формирана на база на различности и граѓански активизам, а имаше сосема неформална, необична и модерна граѓанска кампања.

Се одликуваа со едноставност, шарм, скромност, без големи ветувања.

Хрватска ја поминаа главно на велосипеди и со волонтери кои ги пренесуваа пораките на ,,Можеме“.

Ова беше нивниот предизборен спот и химна.

Според последните извештаи, на изборите во Хрватска, ХДЗ освои 66 мандати, СДП доживеа дебакл со освоени 41 мандат, а коалицијата ,,Можеме“ има 7 пратенички места.

Десничарското Татковинско движење на Мирослав Шкоро освои 16 пратенички места.

Насловно фото: Томислав Томашевиќ