Ректоратот при УКИМ го пријавил во МВР нападот врз Фрчкоски

 

Во врска со настанот од 03 -ти овој месец, кој што од страна на ректоратот на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје беше пријавен како физички напад врз професор, беше излезено на лице место при што е констатирано дека на  03.03. околу 14,15 часот на УКИМ, поточно на службениот паркинг кај Правниот факултет Јустинијан Први, на Љ.Ф. му пришле три НН машки лица облечени со качулки на главата. Тие му се обратиле со зборовите: “Како не ви е срам“ и додека му зборувале едниот од нив го снимал со мобилен телефон. Во моментот кога им одговорил – зошто да му е срам – тој го удрил НН лицето кое му го поставил прашањето, по што трите лица заминале во правец кон бул “Гоце Делчев“-соопшти МВР.