Ременски ги посети и им вети на родителите дека новата Влада институционално ќе ги згрижи нивните деца

,,Овие родители не смеат да кампуваат за да ги добијат правата на своите деца и да го свртат вниманието на државните институции и на сите чинители во Република Македонија, коишто треба да ги ислушаат нивните потреби и нивните барања. Не смееме и нема да дозволиме парцијално решавање на проблемот на лицата со посебни потреби, децата со даунов синдром, децата со аутизам, и секаков вид друга попреченост. Приоритетот на идната влада е севкупен системски пристап во решавање на проблемот на лицата со посебни потреби“ – рече пратеничката Фросина Ременски од СДСМ, која со делегацијата на СДСМ и коалицијата ги посети родителите кои кампуваат во Жена парк во Скопје.

Таа најави формирање посебни центри за аутизам, за Даунов синдром и целосно реафиримирање на постоечките дневни центри за лица со посебни потреби со техничко и кадровско екипирање за да можат не само да ги згрижуваат децата за да им помине времето во денот додека родителите се на работа, туку да можат да работат на подигање на нивните способности и вештини.