Ременски: Живко Митревски е партиски синдикалец

 

Министерката за труд и социјална политика најави дека ако треба секојдневно ќе прави прес конференции за да обелодени што се е направено незаконски во нејзиното ресорно министерство во  изминатите години владеење на ВМРО ДПМНЕ. Таа исто така ги повика сите надлежни институции да го спроведат решението за смена на претседателот на ССМ, што се случи на седница на Советот на ССМ на 13 ноември, а не да го спречуваат извршувањето и да спроведуваат партиски наредби. Ременски најави дека се истражува легитимитетот на Живко Митревски кој на должноста претседател на ССМ стапи во 2010 година и начинот на кој било внесено неговото име во Централен регистер.