Ременски ќе ја бојкотира прославата за Ден на демократијата

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, незадоволна од начинот на кој се однесуваат институциите кон двата клучни настана во Собранието на кои беше загрозена слободата и суспендирана демократијата, најави дека ќе го бојкотира одбележувањето на Ден на демократијата:

,,Денес е денот на демократијата.
Се борам за неа и силно ја подржувам.
Но, денес нема да бидам дел од прославата на денот на демократијата во Собранието на РМ.
Во Собранието може да се слави демократијата по одговорност за настаните од 24.12.2012 и особено по терористичкото загрозување на уставниот поредок на 27.04.2017 година!
До тогаш ќе работам и ќе зборувам дека, демократијата не е обично простување или заборавање, туку свест за етика, и свест и совест за одговорност и грижа за другиот!
Нека ни е честит денот !“

напиша Ременски на ФБ.