Репортери без граници: МРТВ останува да служи на интересите на ВМРО ДПМНЕ

Меѓународната организација Репортери без граници, ја објави најновата ранг листа на слобода на медиумите во светот.

Македонија е на 95 место, во делумно слободни медиуми, исто како и минатата година.

Причина за ваквата статус-кво ситуација е нереформираниот јавен сервис-МРТВ.

Репортери без граници констатира дека иако владата ветила, сѐ уште не ги сровела потребните реформи во МРТВ.

„Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017“, така што, засега, програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ“-констатира Репортери без граници.

Зад Македонија ви регионот се Бугарија и Албанија.