Ресенчани ја потсетуваат Канческа-Милевска на нереализираните ветувања

,,Министерката за кич и примитивизам во Ресен не најде време за да ги посети и види резултатите од нејзините празни ветувања за црквата во Курбиново, ниту за вториот кат од Сарајот на Ахмет Нијази-Беј. На 14 ноември отвора изложба насловена како “Иванки “, нешто специјализирано и посветено на Иванден ( 7 јули ) , и тоа во Спомен куќата на Татарчев (иако ни сам не би си ја препознал да беше жив).Туку нејсе, кај ти текна дека била најпосетена ? Да не доаѓаше Ти и денеска никој немаше да влезе”- пишува на својот ФБ профил Дивна Јовковска – Ефтимовска, пратеник од СДСМ во претпоследниот пратенички состав.

Таа е револтирана заради присуството на актуелната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која беше во Ресен (14.11.2016) година на отворање на изложба, но не нашла време да ги посети Сарајот на Ахмет Нијази-беј, и да го види пропаднатиот покрив, кој е во таква состојба подолго време, а горниот кат затворен за посетители.

Не отишла до Курбиново за да види дека ништо не е поправено и во црквата св. Ѓорѓија и дека пропаѓа, иако на сајтот на Министертсвото за култура се уште стои ветувањето дека целосно ќе биде поправена уште во 2014 година.

kurbinovo_3_450

Она што ги револтира ресенчани дополнително, објаснува Јовковска-Ефтимовска е што Канческа Милевска имала практично партиска средба со сопартијците од Ресен, а членовите од партијата вработени во државната администрација или јавните претпријатија цел ден биле со министерката , место на своите работни места.

Настанот на кој присуствувала Канческа Милевска во куќата на Татарчев е изложба ,,Иванки,, финансирана од министерство за култура.

Инаку, значењето на Ресенскиот Сарај како културно историско наследство е огромно, но се остава да пропаѓа зарада негрижа на надлежното министерство за култура. Сарајот е изграден во неокласичен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од XX век. Ресенскиот сарај бил изграден од страна на еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази-бег. Ахмед Нијази-бег примил разгледница од негов пријател од Париз со слика од некоја Париски замок од кој многу се воодушевил. Ресенскиот бег решил да го изгради сарајот и да живее во него.

Нијази-бег бил член на битолскиот комитет „Единство и прогрес“ и видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година почнала Младотурската револуција.

За изградба на сарајот биле ангажирани најдобрите мајстори од битолскиот регион. Нијазит Бег при повлекувањето од Македонија со својата војска бил застрелан во Албанија. Сарајот во Ресен денеска е дом на култура „Драги Тозија“ и е место каде се одржуваат најголемиот број од културните манифестации во Ресен. Во него се изложени експонати кои се карактеристични за Преспа: чунови, икони, грнчарски предмети и археолошки артефакти, а исто така во просториите на сарајот може да разгледате некои од ремек делата на сликарката Кираца Висулчева.

ако.мк