Референдумот во Гевгелија успешен, се сумираат резултатите

Близу 60 проценти од гласачите во Гевгелија излегле на референдумот на кој се гласа за и против отворање рудници во реонот на планината Кожуф. Со тоа е надминат прагот од 50 насто плус еден гласач излезени на гласање за да може да се прогласи еден референдум за успешен. По 20 часот ќе бидат познати резултатите од гласањето.