Референдумот за Брегзит нема правно обврзувачко дејство

 

Гласот од Брегзит не е „правно обврзувачки“, вели судија од Врховниот суд Бренда Хејл, која  расправа по жалбата на правните мерки на Владата во однос на Brexit , чие што рочиште треба да се одржи следниот месец.

„Референдумот во ЕУ не е задолжителен од правна гледна точка“, вели Лејди Бренда Хејл судија од Врховниот суд кој ја води жалбата на владата против правниот предизвик Brexit закажан за декември.  Хејл ова го изјави, во својот говор при средба на адвокати во Куала Лумпур, во кој потенцираше дека резултатите од референдумот не се „правно обврзувачки“, туку дека пред се имаат советодавна улога. Таа е една од единаесетте судии на Врховниот суд.

„Сите судии внимателно треба да го разгледаат случајот, како заради значењето на уставното право, така и заради динамиката на моќта помеѓу извршната и законодавната власт“ , вели Бренда Хејл.

Случајот разгледува дали Вишиот суд бил во право да донесе одлука или пак  Владата мора прво да добие одобрение од Парламентот  по член 50.

По референдумот во Велика Британија и резултатите од гласањето кои беа во корист на заговорниците за напуштање на ЕУ, на Велика Британија се чини не и се брза многу со напуштањето на Унијата. Се погласни се обидите да се најде начин да се заобиколат резултатите од референдумот.