Референдум за мигрантски квоти

Унгарците во недела, 2-ри октомври, ќе излезат на референдум на кој ќе се изјаснат за обврзувачките квоти на ЕУ за прифаќање бегалци.

Прашањето на гласачкото ливче гласи ,,Дали се согласувате со тоа, ЕУ да може да наложи обврзувачко населување на неунгарски државјани во Унгарија, дури и без одобрување на Парламентот?” .

Поголем дел од аналитичарите сметаат дека граѓаните ќе гласаат со НЕ, односно дека ќе ги отфрлат квотите како обврзувачки, а на ваков исход од референдумот се надева и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

orban

Ова на неговата влада би и овозможило натамошна поддршка од граѓаните и порака да продолжи да се спротиставува на идни евентуални планови на ЕУ околу мигрантската криза и барања од земјите членки на Унијата.

Според проценката на агенцијата Франс прес, референдумот е само еден од чекорите во низа на десничарот Орбан, што пак ќе продолжи да ги лути неговите критичари и во Унгарија и во Унијата.

Тој пак смета дека гласањето ,,против” на референдумот претставува глас за суверенитетот на Унгарија, а се надева дека ова може да ги охрабри и другите земји членки на ЕУ да преземат слични чекори.

Орбан сака да го сопре големиот прилив муслимански мигранти во Европа, тврдејќи дека тие ја загрозуваат Унгарија, но и европскиот христијански идентитет и култура.

migrants-hugnary-serbia-border-horgos

Унгарскиот премиер бара ЕУ да ги зајакне своите надворешни граници како што тоа го направи неговата влада, подигајќи голема ограда долж границите со Србија и Хрватска.

На референдумот право на глас имаат нешто повеќе од 8 милиони избирачи, а за да успее треба да излезат најмалку 50 проценти плус еден гласач.

Извор: Танјуг