Речиси едногласна поддршка за Македонија и Албанија од бугарскиот Парламент за старт на преговори со ЕУ

Со 129 гласови „за“, 4 „против“ и 1 воздржан, Националното собрание на Република Бугарија, ја усвои декларацијата за поддршка на започнувањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во Европската унија, но во исто време, кон двете земји се наметнати голем број барања, известуваат бугарските медиуми.

Парламентот го поддржа и ставот на владата, кој исто така има услови за идните преговори со двете земји. И покрај едногласната поддршка и фактот дека нацрт-декларацијата беше договорена уште од почетокот на неделава, расправата за документот траеше околу два часа.

На крајот на дебатата, во која главно се зборуваше за нерешени, повеќедецениски историски контроверзии, антибугарска во Северна Македонија, пратениците го прифатија со минимални корекции текстот веќе потпишан од повеќето парламентарни групи. Тројца пратеници на БСП се спротивставија, како и еден независен.

На барање на Обединетите патриоти, во декларацијата се опфатени и барање до властите во Северна Македонија да помогнат во потрагата, реставрацијата и одржувањето на бугарските воени споменици и гробишта.

На предлог на пратеникот Таско Ерменков, беше усвоено проширување на текстот, со кој се бара македонската страна да ги рехабилитира жртвите и репресираните од југословенскиот комунистички режим заради нивната бугарска самосвест, при што пратениците ќе решат дека оваа состојба важи не само за периодот на овој комунистички режим, но во принцип до денес.

Извор: дневник.бг