Руското министерство за внатрешни работи објави фрапантен податок , 5500 навивачи сеуште не се вратиле во своите земји и по скоро седум месеци од завршувањето на Мундијалот.

Најмногу „навивачи“ кои не се вратиле дома се од Нигерија и тоа 1863 според МВР на Русија, од Виетнам има бројка од 911, трети по бројност се „навивачите“ од Бангледеш , овие ддве репрезентации воопшто и не настапија на СП 2018.

МВР на Русија тврди дека овие „навивачи“ всушност ја искористеле можноста без виза да влезат на територијата на Русија за време на СП, станува збор за имигранти кои го искористиле светското првенство за да влезат во земјата.

Русија најави дека до крајот на март овие „навивачи“ ќе бидат депортирани во своите земји.