Речникот на демохристијаните од ВМРО ДПМНЕ

Во продолжение се двете соопштенија на ВМРО ДПМНЕ , реакции на неговата објава дека се повлекува од градоначалничкото место и се подготвува за пратеник и второто за одложување на судски процес заради средба на Заев со претставник на италијанска амбасада.

1.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е свесен дека се ближи денот кога нема да му помогне ниту една лага и ќе мора да се соочи со одговорноста за направените криминали.

Затоа на аболицираниот лажго Заев му треба пратеничкиот имунитет. Тоа е првата и основна причина поради која се откажува од градоначалничкиот мандат.

Втората причина поради која аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучува да го жртвува градоначалничкиот мандат е затоа што е свесен дека неговата политичка кариера е на самиот крај.

Граѓаните на 11 декември масовно одговорија дека не се согласуваат аболицирани криминалци да ја водат државата, а Зоран Заев знае дека таков одговор ќе добие и од струмичани на следните локални избори. Кражбите и изнудите од типот „едно евро за Вицето, едно за црквата“ ќе останат само сеќавање на црното минато и како не смее да работи еден локален функционер.

—————————————————————————————

2.Аболицираниот криминалец Зоран Заев порано или подоцна ќе мора да се соочи со правдата и да одговара за поткупот што го бараше од бизнисмен од Струмица.

Аболицираниот лажго Заев нема да може вечно да лаже и да бега повикувајќи се на странски амбасадори и конзули заобиколувајќи ги македонските институции.

Целата јавност  го виде аболицираниот лажго Заев како во пракса изнудува пари по системот „едно евро за Вицето, едно за црквата“.

Аболицираниот лажго Заев еднаш се спаси од кривична одговорност благодарение на Бранко Црвенковски кој му прости и го аболицираше за криминал тежок 7 милиони евра. Сега повторно се обидува преку лаги и манипулации да ја избегне правдата.

Граѓаните на 11 декември масовно ја отфрлија понудата аболициран криминалец да ја води Република Македонија. Граѓаните очекуваат да нема повеќе аболиции и избегнување на правдата за ваквите криминогени ликови.

АКО.мк актуелно-објективно