Рибарев и Јанева разговарале за идната соработка меѓу двете институции

ВД претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев, во просториите  на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, известуваат од судот. На средбата  се разговарало за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции-се вели во соопштението.

Во просториите на Основен суд Скопје 1 – Скопје се реализирала и планираната посета од страна на судиите од Апелационен суд Скопје, а воедно се одржала и седница на судии на која се разгледале резултатите од досегашното работење на овој суд, при што е констатирано дека и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1  – Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети и тоа за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година.

На седницата на судии при овој суд судиите дале свои предлози во врска со изготвувањето на Годишниот распоред за работа на судот.