Ристановски на сцената на ,,Народно позориште” во Белград

Премиерата на претставата ,,Иванов” од Чехов, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, во која главната улога ја игра нашиот актер Никола Ристановски, ќе биде одржана на 12 октомври на Големата сцена на Народно позориште во Белград со почеток во 19 и 30.

Во другите улоги играат и Нада Шаргин како Ана Петрова жена на Николај Алексеевич Иванов, Предраг Ејдус во улога на гроф Шавељски, вујко на Иванов, потоа глумците Бранко Видаковиќ, Ненад Стојменовиќ, Бојан Кривокапиќ, Предраг Васиќ, Вања Милачиќ и други.

Драматург е Славко Милановиќ , извршен продицент на претставата е Милорад Јовановиќ.

Делото ,,Иванов”, еден од најдобрите руски писатели на сите времиња Антон Павловиќ Чехов, го напишал далечната 1887 година.