Ристова Астеруд: Намалете со заканите и уцените, никаде не мрдате без Македонците

Пишува: проф.д-р Каролина Ристова Астеруд

 

Хмммм , што да се каже за екстремно (само)залажувачки политички илузии и оперираност од реалноста , па уште со заканувачки и уценувачки мотиви , па демек со нешто фурање геополитики? Ај нешто контра , ама брутално реалполитички и геополитички , за освестување , оти сериозно на типов и таквите како него ептен им треба, пред да се џилитаат со закани и уцени.

Нешто како , ај со среќа нека ви е, баш да видиме до кај ќе стигнете ?! Ај што Зимбери е скаран со елементарни ( правни) факти и вистини, и за Швајцарија и за Македонија, а и со некои елементарни концепти , туку изгледа ептен е скаран и со евроатланските и ЕУ -перспективите на албанското сограѓанство во едни вакви сценарија што ги сугерира како божемно реални и животворни , па уште го продава најнечесно на рајата ? Аиии , и вака сега сте и вие меѓу оние со јак рејтинг меѓу државите и граѓанството во ЕУ , па со вакви сценарија дамбетер ќе ви порасне , така ?

Хммм , а како и со кого ќе одите ? Сами или со Косово заедно да не , оти само вас ве чекаат , малце маки си мачат самите? Како за почеток , минимум две- три вета одма можам да замислам , и тоа од оние најбетон тип , кога ќе те треснат , три метра под земја директно .

Со Албанија да не случајно ? Кога ќе си удрат и они некои математики на својот пат , а и во домашен контекст , вакво политички радиоактивно ѓуле околу врат не им треба , да им урне и ним шансите , остај тоа , тапкање по грб , дали по национална , дали по националистичка основа.

Не си леткајте со паметот, ќе ви кажат, браќа и сестри , ај подобро да се видиме во ЕУ, ако ве примат , а? А што правиме со оние одвнатре ЕУ кога ќе почнат да ви вадат некои валкани вешови , кој по какви списоци го има по безбедносни служби ( и тука и меѓу емиграцијата по Европа ) , па за што и тоа , па-па-па.

Зимбери , како стоиме со поддржувачите, логистичарите, доброволците и симпатизерите на оние од типот на ИСИС па натаму по спектарот , а? А кога ќе ви удрат па еден скрининг за вредносни матрици и ориентации , па каде се свртени нечии симпатии и лојалности, дали навистина кон Брисел и Вашингтон, или негде накај Среден исток?

А , Зимбери , како стоиме со политичкиот ислам во заедницата, настрана надпросечниот за Европа религиозен конзервативизам и фундаментализам? Со соништата за теократии и теократски супрематии , укинување на секуларизам , слобода на говор и воведување бласфемија , хиџабизирање/никабизирање /буркизирање на жените и нивните права ( дури и виртуелно , по ФБ , аш ги нема партнерките, мајките и сестрите на /семејни/ фотки) , па полова сегрегација ( не дека ја нема , на пример во Чаршија , аш жени по чајџилниците и сл. ), итн. ?

Да не мислите дека такви “ разлики” сакаат во ЕУ? И замисли една делегација во Чаир да ви пуштат , ауууу , какви европски трендови таму се случуваат , саде по европски вредности , ма движечки “аки комунитер” , па замислете , ептен испупено на виделина , без тоа “ Македонците “, “ Бугарите “ и “ Словените “ , саде каури и инфидели, да го замаскируваат и упросечуваат .

Сѐ на сѐ , јаки ви се шансите , дури и би се кладела, појаки од оние на Ердоганова Турција. Ма сигурно , пред нив ќе влезете , ако се они толкаво државиште со мориња , па бафер граница и јака војска кон довчерашните им колонии на поранешните освојувачи и колонизатори на Византија, со ноторни историски големи апетити и бројни обиди и накај Европа ( некои и успешни привремено) и , нели, со бајаги референтно искуство и стаж со таквите мераклии во рамки на последниот историски калифат кој го укина Ататурк.

Плус, нив баш и ги нема по тоа безбедносните списоци за антиевропски и антизападни дејанија , а и имаат и јак џокер , “ бисерот “ за враќање назад на Европа – Константинопол/ Истанбул. Јас лично повеќе би се кладела на Турција , дури и сосе Ердоган , не на вас.

Така што , ај намалете со тоа џилитењето , агресијата , уцените и заканите , нигде вие не мрдате без “ Македонците “, “ Бугарите“ , Словените “ или како веќе милувате да ги викате , ок ? ( па уште , да потсетам , на толкав број држави -членки баш на “ Словените “ внатре во ЕУ, шест засега , почнувајќи од една од поголемите – Полска, така што , збогум памети ви е муабетот).

(ФБ статус на Каролина Ристова Астеруд, професор на Правен факултет, одговор на објавата на Абедин Зимбери , поранешен пратеник и командант на ОНА)