Борко Ристовски блескаше на голот на македонската репрезентација, запиша 20 одбрани и беше еден од клучните играчи на натпреварот со Јапонија. Сепак, Ристовски потенцира дека воопшто не беше лесно да се победи Јапонија.

Не беше лесно, Јапонија се покажа како незгодна репрезентација, играат брзо, но добро е што имавме победнички старт, против Бахреин сме фаворити но треба да бидеме внимателни, иако сите очекуваат лесна победа – изјави Ристовски .