Ристоска:Индициите кои инволвираат поединци од СЈО не смеат да фрлат сомнеж врз постапките што ги водиме

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, излезе во име на сите обвинители од СЈО, за да потенцира дека во име на целиот тим на обвинителството сака да ја увери јавноста дека постапувле во согласност со законите и дека целосно стојат зад работата што јазавршиле досега.

Таа рече дека досегашните истраги и судски процеси не се доведени на ниту еден начи во праѓање.

Таа рече дека искажуваат голема загриженост за последните случувања, но ги поздравија напорите на надлежните органи целосно да ги истражат сомнежите. Понудија соработка доколку има потреба и рече дека стојат на располагање на ОЈО.

Сите можни сомненија кои инволвираат поединци од СЈО, не смеат да ги доведат под сомнеж досегашните постапки кои ги водиме, рече Ленче Ристоска.

Таа потенцираше дека евентуалното дејство на поединци поврзани со случајот на рекет во кој е инволвирана и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не ја отсликуваат целокупната работа на СЈО, рече обвинителката.

На прашањето каде е обвинителката Јанева и дали се појавила на работа, Ристоска рече дека не знае каде е таа денеска, но дека сите други обвинители од СЈО се тука.

Обвинителката Ристоска рече дека тие ниту претходно биле известени за оставката на Катица Јанева, ниту за вчерашните апсења.