Пољакот Роберт Кубица се враќа во Формула 1 и ќе вози за тимот на Вилијамс во новата сезона.

Кубица пред осум години преживеа страшна несреќа со Шкода Фабија во светскиот рели шампионат, имаше неколку операции и неговото ввраќање во Ф1 претставува големо изненадување и најголемо враќање во Ф1.

Кубица ќе вози за Вилијамс во новата сезона, тој во Ф1 има една победа за ГН на Канада во 2008 година и една пол позиција. Во новата сезона Кубица ќе биде вториот најстар возач во Ф1 со 34 години, највозрасен е Кими Раиконен кој има 39 години.