Роботи ги заменија келнерите во некои од рестораните во Дубаи

Пандемијата на Ковид 19 сериозно ги десеткуваше работните места низ светот поради опасност од лични контакти меѓу луѓето, лично присуство, неработење на редица економски гранки, а најмногу проблеми преживуваат угостителството и туризмот.

Во Дубаи во некои угостителски објекти муштериите веќе немаат контакти со келнерите, туку ги послужуваат роботи.

Во овој ресторан во Dubai UAE Festival city, еден од елитните трговски центри во овој современ град, кафето или било каква друга нарачка ќе ги добиете преку компјутерска апликација, а ќе ви ги послужат роботизирани келнери.

Нашинката Милка Кировска во Robo cafe во Дубаи

,,Пред тебе има комјутер со мени, нарачуваш, плаќаш со картичка, роботот зема послужавник и го става на специјални табуретки, зема од витрините нарачка, ја става на послужавникот и табуретката се движи до местото од кадешто си нарачал“- ни раскажува Кировска.

Така, нема никаква можност или опасност од пренесување на корона вирусот во угостителскиот објект.

Роботизирана кафетерија во Дубаи

Ова е супер модерниот и луксузен трговски центар во Дубаи со разни содржини и понуда:

Инаку, првото роботизирано послужување е воведено изминатото лето во едно кафуле, Robo cafe, во Дубаи.