Родилка од Куманово почина од Ковид 19 во болница во Ниш

34 годишната Бранкица Циговска од Куманово, пред два дена почина од последици на Ковид 19 во клиничкиот центар во Ниш.

Нејзиниот сопруг Бранислав Ивановиќ ја соопштил тажната вест на својот Фб профил и објавил заедничка фотографија, пишуваат српските медиуми.

Како што беше и официјално соопштено, родилката е донесена на почетокот на овој месец на Инфективната клиника во Ниш со корона вирус и е лекувана подолго време. Но, нејзината состојба значително се влошила последните денови и била приклучена на респиратор.

Бранкица била во седмиот месец од бременоста, па за да се спаси бебето, таа е породена о царски рез, по што починала.

Бебето е извадено со 900 грама и се наоѓа во инкубатор.

Сопругот на Бранкица изјавил за српските медиуми дека се моли синчето да преживее.

Бранкица и Бранислав живееле во Врање и ова име прво дете.

Иако биле во брак, таа сѐ уште немала српско државјанство, изјавил сопругот.

Извор: Новости.рс