Родителите ги донираа органите на 15 годишната ќерка која почина од таблета-екстази

15 годишната Софија Силјановски од Аранѓеловац во Србија , почина од мозочен удар, откако претходно на забава кај пријатели се напила една таблета екстази, така наречна ,,ексер“, клинец, со потекло од Кина, која е со неколукратно посилно дејство од оригиналните.

По пиењето на смртоносната таблета, Софија паднала во кома, по што била однесена на ВМА во Белград, но и по 4 дена борба за нејзиниот живот, лекарите не успеале да ја спасат.

Од болка скршените родители, во тие тешки моменти, решиле органите на Софија да ги донираат.

Српските медиуми пишуваат дека ова е исклучително хуман и храбар чекор на семејството.

Софија била примерна девојка и ова и било првпат да проба екстази.

Ова е четврта жртва од кинеските екстази кои се појавиле минатата година во Србија. Сите починати се малолетници.