Пред ГОБ 8 Септември, се собраа семејствата на патниците од автобусот во очекување да чујат вести за своите најблиски.

Директорот на болницата, Христијан Костов ги читаше имињата на повредените кои се згрижени тука.

Тој не скаше да го открие идентитетот на настраданите, бидејќи нивната идентификација и обдукција е во тек.

Роднините рекоа дека нема да си заминат од тука сѐ додека не слушнат вести и за последниот патник од автобусот кој падна во бездна.

Загинаа 13 патници, а неколкумина се во тешка состојба.