Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, рече дека Вејн Руни ќе остане капитен и покрај тоа што времено не е во првиот тим.
Руни остана на клупата на минатонеделниот натпревар против лестер, а не беше ниту во составот против Зорја, во четвртокот во Лига Европа.
„Руни е капитен, без оглед на се. Не е важно дали е на теренот или на клупата. Тој е мојот капитен, тој е капитен на клубот, капитен на играчите. Тој разговара со соиграчите и ги мотивира. Тој е наш човек. Ќе постигнува голови за нас, напорно ќе работи во тоа воопшто не се сомневам, изјави Мурињо.