Русија има тајни снимки за Трамп со проститутки и недозволени бизнис зделки

 

Директорите на американските разузнавачки служби на Барака Обама и ФДоналд Трамп им презентираа руски разузнавачки материјали , кои се уште не се целосно докажани, а содржат податоци за компромитирање со валкани лични информации за Трамп. Овие информации со јавноста ги споделиле двајаца разузнавачи , иако и одлуката за презентирање на непотврдени информации е невообичаена , вклучително и јавното споделување на овие информации, сепак податоците од руските разузнавачи кои ги имаат американските служби се разгледуваат со исклучително внимание.

Материјалот што го поседува американската разузнавачка служба го подготвил пензиониран британски разузнавач, преку вашингтонска корпоративна фирма, првин за потребите на Трамповите ривали кај републиканците, а потоа и за потребите на кампањата на Хилари Клинтон.

 

Во белешките има податоци за тоа како Путин преку владините институции настојувал да обезбеди компромитирачки материјали за Трамп кој често патувал во Москва заради бизнис потреби и заради потребите на Мис Универзум, настан што тој го организира и ја поседува лиценцата за тоа.

Материјалот што го доставил британскиот разузнавач содржи видео секс материјали на кои Трамп е во друштво на проститутки и тоа во текот на неговиот престој во Москва 2013 година.

Видео материјалот наводно е подготвен како можност за негова компромитација во иднина.

Има и податоци за средба на претставници на Трамп и руски официјални претставници, на кои се гледа како се договара хакирањето на мејловите на Клинтон, а средбата е одржана 2016 година.

 

На овие информации Трамп реагирал со зборовите-лага, лов на вештерки.

Izvor: Al Jazeera