Русија не ги сака странските работници

Русија има намера да го намали бројот на странски работници, вели вицепремиерката на Русија за социјална политика Олга Голодец.

Како што вели таа,користењето на странска работна сила води кон извлекување на капиталот од земјата,бидејќи поголем дел од работниците своите плати ги префрлаат во своите матични држави.

Исто така, додава таа, дополнително оптоварување за рускиот буџет претставува и социјалниот аспект, бидејќи мигрантите во Русија ги користат болниците и училиштата бесплатно.

“Кога се анализираат сите податоци излегува дека странските работници се повеќе товар за социјалниот систем на Русија, отколку што земјата има корист за економијата“, -изјави Олга Голодец.

Таа додава дека и покрај тоа што руските работодавци тврдат дека земјата нема доволно квалитетна работна сила, сепак мора да оди кон долгорочни и стратешки цели кои би биле за доброто на руската економија, а не да се врти кон ефтина и непријавена работна сила.

Б.Н.Т.